ВО ЖИВО

„Претрес“ на Бранко Героски: Моќта, новинарството и линијата што се преминува

Претрес на Дацо Белски: преживувањето на Детонатор, Груевски, Мијалков, Урко.. и судијата со парите
Zy2zP26iJEY

(ФОТО) Детали за гаснењето на пожарот во Глобал: Температура од стотици степени, нула видливост – првите пожарникари кои влегле внатре имале нагони на повраќање

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
global-3

Пожарникарската единица од Струмица на Фејсбук ги објави деталите за гаснењето на пожарот во Трговскиот центар „Глобал“.

— реклама —

Велат дека температурата се мерела со стотици степени, видливоста била еднаква нанула, а двајца пожарникари добиле нагони на повраќање веднаш штом влегле во објектот.

— реклама —

-Пожарот во внатрешноста беснее со огромни размери, температурата се мери во стотици степени, видливоста е еднаква на нула, кислород во внатрешноста еднаков на нула. Секое вдишување на чад повеќе од 15 секунди предизвикува несвестица и подоцна смрт. Двајца пожарникари спасители кои во тој момент влегуваат во ГТЦ Глобал почнуваат да чувствуваат слабост и нагон за повраќање. Од страна на екипи на брза помош им се укажува помош при што едниот од нив се препраќа кон болницата во Струмица и прима инфузија , додека другиот по негово барање се враќа на должност. Во првите 30 минути од пожарот целата единица од Струмица веќе дејствува од сите три влезови. Успешно се спречува ширењето на пожарот кон вториот кат од надворешната страна со поставување на скали. Од влезот од ул.Васил Сурчев и ул.Ленинова екипи на пожарникари спасители со специјални изолациони апарати за дишење влегуваат внатре во ГТЦ Глобал и успеваат да го спречат ширењето на пожарот кон јужната страна, кон бул. Маршал Тито. Екипа од пожарникари влегува во ГТЦ Глобал од кај гаражите барајки ги хидрантите и се утврдува дека тие се неупотребливи, поради што сите ПП возила мораат да ротираат кон базата за полнење вода и се губи драгоцено време и енергија, велат од ТППЕ Струмица.

Во внатрешноста на ГТЦ Глобал паѓаат секакви метални материјали од кровот и терасите што во голема мера го забавува движењето на екипите кои во тој момент се таму. Во меѓувреме пристигнуваат и екипите од другите градови и активно се вклучуваат во гаснењето на пожарот од сите три локации.

Успешно е спречено опожарувањето на преостанатиот дел од приземјето и дуќаните, како и останатите катови. Во 03.50 часот пожарот е конечно локализиран и ликвидиран.

Изразуваме огромна благодарност кон сите пожарникари спасители кои учествуваа во гаснењето на пожарот, покажаа голема храброст оставaјки ги своите фамилии без сон таа ноќ. Изразуваме благодарност за подршката од сите медиуми, граѓани и институции и голема жалост за сите кои претрпеа огромни штети.

Во гаснењето се приклучија и нивните колеги од Радовиш, Валандово, Кавадарци и Штип.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања