„Претрес“ на Бранко Героски: Моќта, новинарството и линијата што се преминува
whT3mom746w

(ФОТО) Деветнаесет години од загинувањето на хероите кај Вејце

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
IMG-6377

Министерот за внатрешни работи Наќе Чулев, заедно со дополнителниот заменик министер за внатрешни работи Славјанка Петровска и директорот на Бирото за јавна безбедниост Сашо Тасевски, придружувани од претставници на други организациони единици на МВР, денеска во Битола, пред споменикот “Ангел“ (кај Градскиот часовник) како и во кругот на СВР Битола, со положување на цвеќе ја одбележаа 19 годишнината од херојската смрт на четворицата припадници на Посебната единица при СВР Битола - Марјан Божиновски, Илче Стојановски, Кире Костадиновски и Бошко Најдовски, како и на четворицата припадници на армиската единица “Волци“ – Роберт Петковски, Бобан Трајковски, Игор Крстевски и Миле Јаневски, кои што ги положија своите животи во одбрана на татковината на денешен ден во 2001 година кај тетовското село Вејце.

— реклама —

На комеморативното одбележување на трагичното загинување на овие македонски херои учествуваа и претставници на локалната самоуправа на Битола, на политичките партии како и на семејствата на загинатите бранители.

— реклама —

Како што потенцираше министерот Чулев, со овој чин не само што се оддава должната почит кон огромната, неспоредливо најголема жртва на нашите бранители, туку се испраќа и јасна порака дека хероите никогаш не умираат, тие вечно живеат во нашите животи. Тој, исто така, нагласи дека министерството за внатрешни работи, во рамки на своите можности, и натаму ќе остане отворено за семејствата на нашите загинати бранители, за бранителските организации – секогаш да им излезе во пресрет на нивните барања и потреби.

фото:МВР

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања