(ФОТО) Дезинфекција на кејот на реката Вардар

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Скопје

За да се заштити здравјето на граѓаните од ширењето на коронавирусот и да се подигне нивото на јавната хигиена, екипите на Град Скопје и екипите на Противпожарната бригада на Скопје, денеска повторно спроведоа голема акција за миење и дезинфекција на кејот на реката Вардар.

— реклама —

— реклама —

Миењето се реализираше со цистерни со специјално средство за дезинфекција на јавните површини на кејот на Вардар, а се дезинфицираше и урбаната опрема.

— реклама —

Град Скопје континуирано реализира активностите за чистење и дезинфекција на јавните површини во градот се со цел да се подигне нивото на јавната хигиена и да се заштити здравјето на граѓаните од ширењето на коронавирусот, а во текот на изминатиов период ЈП „Комунална хигиена“ секојдневно спроведува машинско миење со автоцистерни и дезинфекција на поголемите улици и булевари во сите скопски општини, како и рачно миење и дезинфекција на најфреквентните јавни површини во централното градско подрачје. Постојано се дезинфицираат и садовите за собирање отпад поставени на територијата на градот Скопје - подземните и надземните контејнери и нивната микролокација.

 

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања