Претрес на Дацо Белски: преживувањето на Детонатор, Груевски, Мијалков, Урко.. и судијата со парите
Zy2zP26iJEY

(ФОТО) Дино Мерлин направи спектакл - над 60.000 граѓани ја дочекаа Новата 2020 год во Скопје

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Скопје
1-1

Скопскиот плоштад  претесен за расположени луѓе од цела Македонија, но и од околните земји кои Новата година ја дочекаа со концертот на Дино Мерлин.

— реклама —

беше преполн, а, решија токму тука да го проследат доаѓањето Балканската музичка ѕвезда, Дино Мерлин, направи концерт за паметење на дочекот на Новата 2020 година.

— реклама —

Во организација на Град Скопје, над 60 000 граѓани од земјава и од странство ја дочекаа Новата 2020 година во главниот град на плоштадот „Македонија“ со неверојатно шоу и вонвременските хитови на големата музичка ѕвезда, Дино Мерлин. Веселата атмосфера со пеењето на неговите хитови на новогодишната ноќ дополнително ја кренаа сценските ласери и повеќеминутниот огномет со кои се означи почетокот на новата година. Граѓаните во весело расположение си посакаа многу среќа, добро здравје и успеси во Новата 2020 година.

Новогодишната забава во срцето на Скопје вчеравечер почна уште во 20:30 часот со настапот на музичките групи „Gypsy Groove“ и „Суперхикс“ кои ја загрејаа атмосферата во студената новогодишна ноќ и го најавија новогодишното шоу на Дино Мерлин.

Плоштадот „Македонија“ изминатиов месец беше центар на новогодишните и Божикните празнувања во Скопје, а граѓаните имаа можност да ја почувствуваат празничната магија и да уживаат во најразновидна забавна програма. Најголем интерес кај посетителите побуди дигиталната новогодишна елка, како и новогодишните куќички на населбата „Винтерленд“ кои беа сместени на плочникот меѓу ГТЦ и плоштадот. Во близина на куќичките имаше и мала сцена на која секојдневно се организираа настани и концерти наменети за различни возрасти.

Градот Скопје и тимот на Дино Мерлин Ви посакуваат среќна и бериќетна Нова 2020 година исполента со добро здравје, многу љубов и голем успех.

фото: Град Скопје

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања