Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Утковски: Шутка, подземје, 2001, Талибанци, Монако, МВР, Борис Трајковски
„Претрес“ на Утковски: Шутка, подземје, 2001, Талибанци, Монако, МВР, Борис Трајковски

(Фото) До пред месец во притвор, сега на Босфор: Јахоски добил времен пасош од судот, бил на прослава во Истанбул

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Македонија
Screenshot-2025-06-01-at-22.17.53

Асмир Јахоски, кој до пред еден месец беше во притвор во затворот во Шутка, денеска се појави на фотографии од Босфор, односно Турција. Откако му беше укинат притворот, нему му беше одземен пасошот, а тој даде милиони како гаранција дека нема да бега. „Скопје1“ дознава дека тој потоа побарал времено да му биде вратен пасошот, па така, неговото заминување во Истанбул, е законско, бидејќи судиите одобриле.

Можеби и немаше да се дознае дека бизнисменот кој е газда на „Пуцко петрол“ и осомничен за злоупотреби е во Турција, но го „издадоа“ фотографиите објавени од Алија Јахоски, кој честиташе „завршено образование“ на член на семејството. На две од нив е и осомничениот Асмир Јахоски. На едната се заедно со чичко му, татко му и славеникот, а на другата, заедно со татко му и славеникот.

— реклама —

— реклама —

Останува непознато кога му бил издаден времениот пасош на Јахоски, ако се има во предвид дека на 06 мај тој остана без патна исправа бидејќи судот му ја одзема одредувајќи му мерка за обезбедување присуство.  Од судот, дополнително ќе побараме одговор кога треба Јахоски да се врати во Македонија. Во решението од Апелација, стои и дека секој прв понеделник во месецот тој треба да се јавува во Кривичен суд, што би значело, дека тоа треба да го направи утре.

Јахоски е осомничен во истрагата за набавка на мазут за ТЕЦ Неготино. За тоа како излезе од притвор, пишувавме минатиот месец.

— реклама —

— реклама —
asmir-jahoski

Како Јахоски се спаси од притвор: помогнаа милионите, но и мислењата на обвинителствата

Вишото јавно обвинителство-Скопје застанало на страната на газдата на „Пуцко Петрол“, Асмир Јахоски и го поддржало предлогот да му биде укинат притворот во замена за гаранција која тој ја дал во движни и недвижни ствари. Истовремено, голема вредност имало и мислењето од Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција кои го гонат бизнисменот, а сметаа дека може да се брани од слобода под услов да депонира пари. Ова може да се види од решението на Апелација, со кое Јахоски за добиената

Македонија | пред 1 година

 

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 8 месеци

— реклама —
media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 8 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 8 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 8 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања