Родител чие дете учи во едно од училиштата во Аеродром, каде имало дојава за бомба и дошол да го земе, денеска добил блокатор на возилото. Тој на социјалните мрежи во целост го објасни случајот.
„Дојава за бомба во ОУ Љубен Лапе. Доаѓаш да земеш дете, а пошто знаеш какви будали и безосетни лешинари се Ј.П. Градски паркинг Скопје на Град Скопје - праќаш порака за паркинг, за секој случај. Испраќаш други 7-годишни деца до дома, затоа што (нормално) се потресени. Се враќаш и лешинарите ти ставиле штипка! Со пратена порака! Дали ви е јасно сега зошто некој 2 месеци упорно си поигрува со нас? Затоа што сме безосетни, неспособни, гомна од народ“, пишува родителот.