„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

(ФОТО) Доделени највисоките општински признанија “Св.Климент Охридски – патрон на градот“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
sv-kliment

Со пригодна свеченост, денес беа доделени највисоките општински признанија наградата и повелбата “Патрон на градот –  Св.Климент Охридски “. Поради актуелната ситуација со пандемијата, свеченоста беше одржана во присуство на лауреатите и мал број на граѓани.

— реклама —

Пред присутните се обрати градоначалникот Константин Георгиевски.

– Почитувани дами и господа, драги сограѓани, уважени добитници на Свети Климентовите награди

— реклама —

Денес во изменети услови и околности го чествуваме великиот Свети Климент Охридски, закрилникот на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија и нашиот Охрид, сесловенскиот учител и светител. Нека ни е честит и вековит празникот.

Почитувани присутни,

Повеќе од сигурно е дека никој во милениумското битисување на Охрид, не оставил таква силна трага и влијание како Свети Климент Охридски. И после повеќе од 11 века неговото присуство чиниш може да се допре. Ние си го имаме Свети Климента – секој ден, секој час, секој миг. Да не држи поблиску до Бога, до вистината, до човекољубието. Да не поддржи кога ни е тешко, да не укори кога сме горделиви, да не награди кога сме чесни кон другите и кон себе. Ете, така охриѓани и Македонците го чествуваат и чуствуваат својот Свети Климент Охридски.

Драги сограѓани,

Од многуте дела посветени на Свети Климент Охридски, дозволете ми да издвојам само една реченица, која ми се чини е најсоодветна за премрежјата низ кои денес поминуваме како генерација, а е запишана од неговите ученици – “Само од добар корен, никнува здрава фиданка“. Верувам и убеден сум дека денешната генерација Македонци, се здравите фиданки на Свети Климентовиот корен на просветлението, вистината и човекољубието и дека како такви ќе опстоиме и успешно ќе одговориме на денешните предизвици. И како народ и како држава.

Ги упатувам моите најискрени честитки до Македонскиот народ, до Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија и до моите охриѓани. Искрени честитки и за годинашните добитници на Климентовите признанија: Академик  Вера Битракова Грозданова, добитник на Свети Климентовата награда – неуморен истражувач, универзитетски професор и еминентен научник од областа на археологијата и историјата на уметноста и добитниците на повелбата: ЈЗУ “Општа Болница“ Охрид – како главен носител на борбата со пандемијата на Ковид 19, д-р Мимоза Влаши Хиса – специјалист по гинекологија и акушерство и Проф. Д-р Рубин Земон, универзитетски професор, долгогодишен активист во невладиниот сектор за промоција на мултикултурализмот и толеранција.

Нека ни честит и вековит Светиклиментовиот ден. Ви благодарам.

Од името на наградените се обрати Академик Битракова Грозданова, која заблагодарувајќи се на наградата, рече дека со восхит и трепет ја прима оваа награда и посака и идните генерации охриѓани да бидат посветени и да го почитуваат делото и ликот на Свети Климент Охридски. Свеченоста заврши со доделување на специјално признание на НУ “Фестивал Охридско Лето“, за 60 годишното успешно работење и промовирање на Охрид и Македонија во светот.

 

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

Screenshot-2025-03-27-at-15.29.01

Николоски: Со обсмислена стратегија го развиваме охридскиот аеродром, Охрид преку Истанбул од денеска го поврзуваме со цела Европа и светот

Македонија | пред 9 месеци

kosta

Георгиески од манастирот "Свети Илија": Нека е за многу години празникот!

Македонија | пред 4 години

Нема фотографија

(ФОТО) Градоначалникот објави ЕКО ИНФО за изминатите 24 часа во Охрид

Македонија | пред 4 години

Нема фотографија

Се гради ново детско игралиште на пешачката патека кон „Горица“

Македонија | пред 4 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања