„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

(ФОТО) Досие: Ноќеска искршено возилото од вујкото на Мартин Нешкоски

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Македонија
slika-iskrsena-kola-678x381

Горан Митаноски , вујко на Мартин Нешкоски момчето заради чија смрт се крена Шарената револуција за рушење на режимот на Никола Груевски, утринава го пронашол својот автомобил целосно искршен. Сите стакла се искршени, но од внатре ништо не е одземено. Настанот е пријавен во полиција, пишува досие.

— реклама —

Ова не е прв проблем на Митаноски. Неговото семејство е под постојан притисок од структури со кои полицијата не може да се справи.

Пред дваесетина дена и синот на Митаноски бил нападнат на Кеј на потегот зад Влада. Момчето одело на тренинг кога други момчиња го нападнале и ограбиле. Детето се обидело да се одбрани но кога видело дека еден од нив извадил нож се повлеколо.

— реклама —

Семејството на Митаноски не живее спокојно оти имале упад и во домот. Сите настани сите насилства се пријавени во полција но до сега ниту еден од нападите не е решен. Семејството не живее спокојно и секојдневно стравува што ќе се случи следниот ден или вечер.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања