Промени тема
Контакт
„Претрес“ за судењата, сведоците, правдата: Сопругата на Андреј од ДНК и таткото на Диме за „Пулс“
„Претрес“ за судењата, сведоците, правдата: Сопругата на Андреј од ДНК и таткото на Диме за „Пулс“

(Фото) Дуа Липа се омажи во ексклузивна венчаница на „Шанел“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 часа -

Магазин
media-libraryquql6blcpi8882E5Q39
wikimedia commons

По неколкунеделни шпекулации, конечно е откриено која модна куќа стои зад венчаницата на пејачката Дуа Липа. За својот свадбен ден таа избрала ексклузивна креација на „Шанел“, дизајнирана од Матије Блази.

Станува збор за првата венчаница од високата мода на „Шанел“ што Блази ја создал за долгогодишна пријателка на модната куќа.

Креацијата била рачно изработена во париските ателјеа на „Шанел“ и претставува резултат на соработка меѓу неколку специјализирани уметнички работилници на брендот.

Венчаницата била украсена со 480.000 рачно везени перли, додека за изработката на декоративните детали биле потребни повеќе од 1.100 часа работа. Долгиот шлеп бил дополнет со 25.000 пердуви, а стајлингот го заокружувал шестметарски вел од тул, украсен со перли, пердуви и рачно изработени апликации.

— реклама —

Пејачката носела и специјално изработени бели сатенски чевли, создадени по нарачка.

— реклама —

Од „Шанел“ соопштија дека им претставувало чест што токму тие ја облекле Дуа Липа за еден од најважните денови во нејзиниот живот.

Пејачката со години соработува со француската модна куќа и редовно се појавува во нивни креации на јавни настани и модни ревии.

— реклама —

Дуа Липа и нејзиниот сопруг, актерот Калум Тарнер, првпат го кажале судбоносното „да“ на 31 мај во Лондон, на интимна церемонија во градското собрание Олд Мерилебон. Една седмица подоцна организирале поголема прослава на Сицилија во присуство на семејството и пријателите.

Токму главната свадбена креација, која сè досега беше чувана во тајност, привлече големо внимание во светската јавност.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

dua-bigger-head

Дуа Липа фатена во лага

Магазин | пред 3 години

— реклама —
dua-bigger-head

Хари Стајлс прв на листата на најбогати млади луѓе, а зад него е Дуа Липа

Магазин | пред 3 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања