Трубачот Џамбо Агушев четврти пат стана татко, а неговата сопруга Асена роди женско дете. Џамбо преку социјалните мрежи откри дека сопругата се породила, но и дека овој пат тој присуствувал на раѓањето на бебето.
„Добредојде, моја мила ќерко Алина“, напиша тој на „Фејсбук“.
Алина е трето дете на Џамбо и Асена, кои се во брак повеќе од десет години. Тие ги имаат и ќерките Севги и Мелинам и синот Мерт.
/284387569_10228860046913960_4688837300187422499_n" rel="attachment wp-att-183562">