(Фото) Џејлен Браун од Boston Celtics носеше патики дизајнирани од Сатја Грабулоски

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 часа -

Магазин
media-libraryoi3qmc3hdehpepklMgm

Викендов во Лос Анџелес се одржа најголемиот кошаркарски настан во годината, натпреварот на најдобрите кошаркари од NBA лигата, познат како NBA All Star Weekend.

— реклама —

А на All Star викендот, еден од најдобрите NBA кошаркари во моментов, Џејлен Браун од Boston Celtics, носеше патики дизајнирани од нашиот Сатја Грабулоски и неговото SWithADot студио.

— реклама —

Патиките се изработени по директна комуникација на Грабулоски со Браун, кој самиот ги даде насоките за уникатните патики што ги носеше.

— реклама —

Браун ги носеше овие патики и за официјалното фотографирање на играчите пред нивниот настап на All Star викендот.

media-libraryl1svts8feev9fMmCtjJ

„Да соработуваш со еден од најдобрите кошаркари во моментот во светот е уживање - посебно кога се работи и за одличен човек и интелект. Сигурно многу луѓе не знаат, но Џејлен, меѓу другото е и предавач на Универзитетот MIT, па неговата љубов кон бројките и космосот се пресликани во еден пар патики кој ноќеска ги носеше на NBA All Star Weekend. Разговараме и на тема Македонија, па при некоја следна посета на Европа, се надевам ќе го прошетаме низ Скопје“, вели Грабулоски

Ова не е прва соработка на Грабулоски со луѓе кои се меѓу најзначајните во NBA. Во деловната биографија на SwithADot се запишани и имињата на Шекил О’Нил, Леброн Џејмс, Никола Јокиќ, Јанис Антетокумпо, Двејн Вејд, Ален Ајверсон, Кармело Ентони, Богдан Богдановиќ и многу други.

media-librarynv5ohdkkb1t4fQJDuQt

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

292049090_2292210394286438_4456317528872250421_n

(ВИДЕО) „Раката ми се тресеше од возбуда кога ги цртав патиките на Леброн Џејмс“, вели дизјанерот Сатја Грабулоски

Магазин | пред 3 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања