Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Трифун Костовски: Нова партија, пропадната банка, масонство, старите пресметки
„Претрес“ на Трифун Костовски: Нова партија, пропадната банка, масонство, старите пресметки

(Фото) Ѕвездата на „Хитед Рајвалри“ се соочува со критики поради стара фотографија

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 часа -

Магазин
media-library9tgnqi9ghra00HvRbrl
screenshot youtube

Актерот Хадсон Вилијамс се најде во центарот на контроверзија откако на социјалните мрежи повторно почна да се споделува фотографија од неговите средношколски денови, на која на челото има нацртан симбол на свастика.

Фотографијата, која масовно се споделува на платформата Икс, го прикажува денес 25-годишниот актер со маица испишана со потписи и пораки, додека по лицето и вратот му се исцртани различни симболи и имиња.

— реклама —

Според извор близок до актерот, Вилијамс во тоа време не бил свесен што му било нацртано на лицето. Наводно станувало збор за средношколска традиција во која учениците си цртале еден на друг по маиците и телото со фломастери.

— реклама —

Изворот тврди дека симболот не ги одразува ставовите, вредностите или карактерот на актерот и дека станува збор за несоодветно однесување поврзано со младешка несериозност.

Контроверзијата доаѓа во период кога Вилијамс бележи голема популарност по успехот на серијата Heated Rivalry, која минатата година привлече големо внимание кај публиката.

Актерот засега јавно не се огласил по повод фотографијата и реакциите што таа ги предизвика на социјалните мрежи.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања