„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

(ФОТО) Георгиески направи обиколка на инфраструктурните зафати низ Охрид - еве што се работи и каде?

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
kosta-6

Градоначалникот на Охрид Константин Георгиески направи обиколка на повеќе локации каде се вршат градежни работи во општина Охрид. Станува збор за проекти кои се изведуваат во овој момент во Охрид и охридско за кои што општината од својот буџет има издвоено 50 милиони денари. Напоредно се работи на реконструкција на кровови во основните училишта во с. Елшани и Коњско, во училиштетето Христо Узунов во Охрид и Братство Единство Лескајца. За промена на покривната конструкција во ОУ „Христо Узунов“ издвоение се 4.109.512 денари, а за  промена на покривната конструкција на училишниот објект на ОУ „Братство Единство“ во населбата Лескајца во вредност од 3.239.482 денари.

— реклама —

Во тек е санација на потпорен ѕид во непосредна близина на спомен куќата на Григор Прличев, инвестиција за која од буџетот на општина Охрид се наменети 1.500.000 денари. потоа  потпорен ѕид во с. Елшани, поради опасност од свлечиште кое може да ги поклопи куќите.

Значајни проект кои треба да започнат на почетокот од следната година Георгиески ги посочи изградба на канализациона мрежа во Лескоец и Рача, кои ќе се санираат со тендер вреден 3 милиони денари.

— реклама —

Овој период во почетна фаза е и реализацијата на проектот за реконструкција на плоштадот „Табана“, а интензивно се работи на проектот пешачка патека  од  Саат кулата во Стариот дел на Охрид до Горна Порта. Овој проект се реализира преку Југозападниот плански регион.

Единствен проект кој не е започнат, а е со потпишан договор е пробивањето на улицата низ поранешната касарна. Според градоначалникот проблемот за реализација на овој проект се адмнинистративни пречки кои се отстрануваат.

Градоначалникот на Охрид за следната 2020 година најави повеќе значајни инфраструктурни проекти за кои се предвидени или ќе се предвидат средства во општинскиот буџет. Георгиески најави комплетна реконструкција и обновување на влезот на Охрид од стана на Битола. Проектот како што кажа првиот човек на Охрид веќе бил изработен  и  истиот бил испратен до Агенцијата за патишта. За овој проект општината ќе ја изработи подземната инфраструктура, а државното јавно претпријатие асфалтирањето.

Градоначалникот во проекти во најава за следната година ги напомена и реконструкција на булеварот „Македонски Просветители“, проект вреден 40 милиони денари.  Следната година ќе се реконструира и плоштадот кај стариот Чинар, рече првиот човек на Охрид.

 

     

 

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

Screenshot-2025-03-27-at-15.29.01

Николоски: Со обсмислена стратегија го развиваме охридскиот аеродром, Охрид преку Истанбул од денеска го поврзуваме со цела Европа и светот

Македонија | пред 9 месеци

kosta

Георгиески од манастирот "Свети Илија": Нека е за многу години празникот!

Македонија | пред 4 години

Нема фотографија

(ФОТО) Градоначалникот објави ЕКО ИНФО за изминатите 24 часа во Охрид

Македонија | пред 4 години

Нема фотографија

Се гради ново детско игралиште на пешачката патека кон „Горица“

Македонија | пред 4 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања