„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

(ФОТО) Го сретнале Кијану Ривс во хотел, па го поканиле на свадба

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Магазин
Kijanu-Rivs

Холивудскиот актер Киану Ривс спаѓа во групата на омилени актери не само поради неговиот талент, туку и поради тоа што е исклучително едноставна и пријатна личност. И оваа приказна го потврдува тоа.

— реклама —

Познатиот актер моментално се наоѓа во Нортхемптоншир, каде што учествува на снимањето на документарниот филм за Формула 1 за „Дизни плус“, пишува „Дејли мејл“.

Таму престојувал во луксузен хотел, каде сосема случајно сретнал младоженец на денот на неговата свадба.

— реклама —

Младоженецот кога го видел во хотелот, му пришол и го прашал дали ќе му се придружи на свадбата.

Актерот се согласил.

"Тој беше толку љубезен и ни честиташе на нашата венчавка. Направивме неколку фотографии, потоа одвои време да разговара со нашите гости и да се фотографира и со нив“, рекла невестата.

Да потсетиме, ова не е прв пат актерот да израдува пар на свадба. Истото го направи и во 2018 година на свадба во Њујорк.

https://twitter.com/MikeSington/status/1563166225038864385?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1563166225038864385%7Ctwgr%5Ec2ab71698cfe9b75c8225cba6e23d6456ccbcd95%7Ctwcon%5Es1_c10&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.b92.net%2Fzivot%2Fvesti.php%3Fyyyy%3D2022mm%3D08dd%3D27nav_id%3D2203115

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

Kijanu-Rivs

Кина го избриша Кијану Ривс од интернет мрежата

Магазин | пред 3 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања