Промени тема
„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи
„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи

(ФОТО) Град Скопје ги награди најдобрите за најголем придонес во заштитата на животната средина

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Скопје

Градот Скопје ги избра најдобрите на јавниот конкурс за избор на најеколошка компанија, најголем придонес во областа на заштитата на животната средина, најубаво уреден двор (индивидуално домување, колективно домување и институција) и најубав состав и цртеж на тема екологија за ученици од основните и од средните училишта. Овој конкурс беше објавен на 22.03.2019 година и траеше до 15.05.2019 година.

— реклама —

За најеколошка компанија (фирма со успешна примена на стандарди и придонес во зачувувањето на животната средина) е избрана Pro Credit Bank, која е добитник на наградата во износ од 45.000 денари.

— реклама —

Во категоријата за избор на најголем придонес за заштита на животната средина и природата добитник на наградата во износ од 45.000 денари е НУЛА ОТПАД ДОО Скопје.

За најубаво уреден двор на објект за индивидуално домување добитник на наградата е Зоран Митиќ, за двор во општината Аеродром, а за двор на институција победник е ООУ „Свети Климент Охридски“, с.Драчево, општина Кисела Вода. Победниците во оваа категорија ќе добијат награда во износ од по 40.000 денари.

[caption id="attachment_49238" align="alignnone" width="1024"]  [/caption]

Наградата за најубав состав на тема екологија за ученици од основните училишта отиде во рацете на Татјана Јовановска VIII 1 одделение, ООУ „Петар Поп Арсов“. Меѓу пријавените состави од ученици од средните училишта најубав беше составот на Христина Иванова IV-2, СУГС „Никола Карев“. Двете ученички добиваат награди од по 10.000 денари.

Во категоријата за избор на најубав цртеж на тема екологија за ученици од основните училишта добитник на наградата е Харис Мусли, VIII 2, ОУ „Петар Здравковски Пенко“, а за ученици од средните училишта наградата отиде кај Мартина Арсеска, IV-1, СУГС „Никола Карев“. Наградените ученици во оваа категорија добиваат награда од по 10.000 денари.

[caption id="attachment_49237" align="alignnone" width="1024"]  [/caption]

Во категоријата за најубаво уреден двор за колективно домување не е доделена награда, бидејќи на конкурсот не пристигнаа пријави. Овој конкурс Градот Скопје традиционално го распишува во рамки на манифестацијата „Денови на пролетта - денови на екологијата“, а целта е да се подигне јавната свест за значењето и потребата од чиста и здрава животна средина.

[caption id="attachment_49236" align="alignnone" width="1024"]  [/caption]

[caption id="attachment_49235" align="alignnone" width="1024"]  [/caption]

[caption id="attachment_49234" align="alignnone" width="1024"]  [/caption]

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања