„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

(ФОТО) Градоначалникот Георгиески Новата година ја дочека на Градскиот плоштад во Охрид

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
kosta-nova

Градоначалникот Константин Георгиески,  Новата 2020  Година ја дочека на градскиот плоштад „Св. Климент Охридски “ во Охрид меѓу своите сограѓани и гостите од земјава и странство. Тој им посака добро здравје, среќа и бериќет во Новата Година.

— реклама —

-Драги охриѓани,  драги гости од земјава и странство кои вечерва сте тука со нас на плоштадот во Охрид, Ви посакувам пријатни и незаборавни мигови во ноќва кога ја испраќаме старата и дочекуваме Новата 2020 Година. Секој почеток буди надеж и верба за подобро утро и посветла иднина. Токму така и ние ја испраќаме старата година оставајќи се лошо во неа со надеж дека ќе имаме поздрава, посреќна и побериќетна година во која ќе бидеме и помудри и поуспешни на секој план.

— реклама —

Како одговорна локална власт во претстојната година продолжуваме со реализација на започнатите и отпочнување на нови проекти кои се за доброто на Охрид  и охриѓани. Посветено  и неуморно продолжуваме да го градиме Охрид  како пријатен дом за сите охриѓани  и посакувано место за одмор на туристите и гостите од земјава и странство. Посакувам оваа ноќ да ја минете незаборавно како и да ги проследите содржините кои се дел од  новогодишната програма што општината ја организира до 20-ти јануари. Доброто здравје, ведрата мисла, спокојниот сон  и љубовта од саканите нека бидат само дел од убавите нешта кои ќе ви се слуичат во 2020 Година- рече градоначалникот Георгиески.

За забавата на плоштадот во Охрид се погрижија естрадните уметници, Ефто Пупиноски, Ѓоко Танески и групата „Камелеон“.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

Screenshot-2025-03-27-at-15.29.01

Николоски: Со обсмислена стратегија го развиваме охридскиот аеродром, Охрид преку Истанбул од денеска го поврзуваме со цела Европа и светот

Македонија | пред 9 месеци

kosta

Георгиески од манастирот "Свети Илија": Нека е за многу години празникот!

Македонија | пред 4 години

Нема фотографија

(ФОТО) Градоначалникот објави ЕКО ИНФО за изминатите 24 часа во Охрид

Македонија | пред 4 години

Нема фотографија

Се гради ново детско игралиште на пешачката патека кон „Горица“

Македонија | пред 4 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања