Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Фуркан Салиу: Национализам, двојни стандарди, политика, поделби, новинарство
„Претрес“ на Фуркан Салиу: Национализам, двојни стандарди, политика, поделби, новинарство

(ФОТО) Грчки остров со примеси на Италија

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Магазин
leros-panteli2

Овој бисер на Додеканезите има многу забележливо убаво модерно италијанско влијание од 20 век, но и класичен грчки репертоар на тајни плажи и секојдневни таверни. Се наоѓа на само неколку километри од Турција.

— реклама —

— реклама —

Островот Лерос припаѓа на додеканеската група, а се наоѓа помеѓу Патмос и Калимнос. Самото име доаѓа од зборот „лерос“ што значи „ниво“. Според легендата, божицата Артемида била заштитничка на Лерос во античко време. Сите археолошки откритија докажаа дека историјата на островот започнала во неолитскиот период. Претежно е надвор од туристичките карти, што е штета, бидејќи има се што сакаме од грчки остров - рибарски села, урнатини, како и модерна историја.

Овој грчки остров е остров со навестување на Италија, а за сето тоа е виновен Мусолини.

Италијанците ги држеле Додеканезите во нивна сопственост по Итало-турската војна, а Мусолини подоцна вложил многу на островот Лерос за да го направи база на неговите империјални амбиции. Така се создал голем комплекс и нов главен град, кој практично изникнал од мочуриште полно со комарци. Портолаго ги претставува сите аспирации на италијанскиот народ кој сакал на најдобар начин да ја претстави својата култура во тој дел од Медитеранот.

Овој модел на град е еден од најдобрите примери на рационалистичка архитектура надвор од Италија и останал главно недопрен до ден-денес. Широки булевари, величествени куќи за елитата, станбени блокови за граѓаните и пазарите сè уште се таму.

Лерос според многумина е еден од последните недопрени и вистински грчки острови. Локалните жители љубоморно ја чуваа и сочуваа неговата природна убавина. Таму можете да најдете прекрасни плажи со кристално чисти води и недопрени пејзажи со борови шуми и маслинови насади. Токму затоа Лерос е посебен, на островот доаѓаат туристи кои сакаат мирен одмор.

Жителите на Лерос се многу пријателски расположени и речиси и да нема разлика помеѓу односите меѓу семејството и пријателите. Со нивното гостопримство, тие едноставно ги покануваат сите луѓе и споделуваат со нив се што имаат. Тие се многу весели, топли и со отворено срце, и секогаш подготвени за танцување!

Секоја година на Лерос се одржуваат бројни настани. Се одржуваат концерти, морски трки, изложби и други културни и забавни активности во кои учествуваат и излагачите и посетителите. Покрај тоа, Лерос е познат и по интересниот ноќен живот и одличната медитеранска кујна и специјалитети.

Фото: Greektravel

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-librarys3d8jkukenj2fgVSGXt

Новиот тренд на патувања го освојува светот: Луѓето масовно одат на овие места поради едно посебно искуство

Магазин | пред 1 седмица

— реклама —
media-libraryd5q3gv47kvmb4v32JUE

За првпат кревети во економска класа во авион: Air New Zealand отвора Skynest капсули со строг правилник

Магазин | пред 1 месец

media-libraryavdbt5hs3nh29NVb0Bj

Стејт департментот со безбедносно предупредување: Американците ширум светот да бидат повнимателни, со посебен акцент на Блискиот Исток

Свет | пред 2 месеци

horoskop1

Хороскопски знаци кои најмногу сакаат да патуваат и да го истражуваат светот

Магазин | пред 4 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања