Промени тема
Контакт
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси

(Фото) Груевски вознемирен

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Македонија

Експремиерот и бегалец во Будумпешта се огласи со статус на социјалните мрежи, овој пат за состојбата во катната гаража „Разловечко востание”.

Еве што напиша Груевски:

— реклама —

Често пати читав низ социјалните мрежи дека овие на власт не можат ни да го бојадисаат, да го исчистат или да го одржуваат тоа што го изградивме. Морам да признаам дека тоа не го разбирав буквално туку некоја критика во преносна смисла на зборот. Но, не било така…

— реклама —

Денес прочитав една статија за состојбата на катната гаража “Разловечко востание” која е во близина на градската општа болница “Св.Наум Охридски” и парламентот.

— реклама —

Претпоставувам слично е во сите катни гаражи или во повеќето, барем оние што се под ПУИК. Заедно со ПУИК, градот Скопје и општина Центар, изградивме во центарот на градот 6 катни гаражи. За една не спречи општина Центар одкако дојде А.Жерновски за градоначалник, веднаш до зградата на Нова Македонија. Спречија и уште две кои требаше да ги изградат приватни инвеститори, едната спроти старата железничка станица, веднаш до новата зграда на ЕЛЕМ и уште една подземна гаража кај бочната страна на парламентот, која гледа кон улица Македонија, под тревникот.

Три се изградија преку ПУИК (онаа спроти МНТ, оваа кај Градска болница и една кај Поштата), две преку градот(спроти зградата на Макпетрол и катната гаража Тодор Александров, сега наречена Беко) и една општина Центар (кај комплексот судови). Овозможивме и градба на неколку приватни катни гаражи, во Аеродром, во Центар спроти судската палата, во Капиштец (Зебра) во Прилеп итн.

Фотографиите покажуваат многу ѓубре, испокршено и непоправено се што можело да се испокрши, нема струја, нема лифтови, уринирано на многу места и силна смрдеа. Извор на зарази. Брука за државата.

Граѓаните плаќаат за паркирање и местата се исполнети до врвот на катната гаража.

Потоа прочитав во друга статија дека слично било и пред пет години.

И најголемо изненадување ми е изјавата на надлежните дека виновник за ова е катаната гаража оти била од отворен тип и секој можел да влезе. Па нормално дека секој може да влезе во катна гаража. Секој кој ќе плати влегува со возилото. Ваше е да одржувате, да поставите камери, ако треба и чуварска служба. Ви оставивме огромен изграден објект, не можете да го одржувате.

Не можев да поверувам на она што го видов бидејќи сите јавни катни гаражи се од отворен тип. Од затворен тип се само приватните гаражи на граѓаните по зградите и куќите.

Овде кај што живеам во Будимпешта исто така катните гаражи се од “отворен тип”. Но се многу чисти и се одржуваат. Нема ништо скршено, и да се скршило се поправилно, има камери, нема смрдеа, има струја, лифтови итн.

Ова ме потсети на она дека кабелот е виновен за пожарот во тетовската болница.

Да, овие не само што не изградија ништо ново, навистина не можат да го одржуваат она што го изградивме.

Всушност, што сум се фатил јас за одржувањето на катните гаражи. Во Македонија апаратите во здравството не се одржуваат, болните од канцер и од други болести умираат заради тоа, а јас за катните гаражи…

П.С. Слушнав дека до крајот на 2024 година ќе бидат готови првите два километри од патот Скопје-Блаце кој го градат веќе 5-6 години. Којзнае дали ќе бидат готови. Но, време е да се подготви музика.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 7 месеци

— реклама —
media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 7 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 7 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 7 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања