Километарски колони на граничниот премин “Ќафасан” во пресрет на продолжениот викенд. Граѓаните чекаат и по половина час за влез во Албанија, а ги има од сите градови. Колоните на преминот се од рано утринава.

Поради долгото време на чекање, голем дел од оние кои решиле да патуваат чекаат и надвор од автомобилите.

Растот на туристи од Македонија во Албанија е резултат на затворените граници со останатите соседи, кои забранија влез, а дел бараат ПЦР тест кој чини околу 100 евра и е скап за граѓаните. Па така, гужвите од “Евзони” со Грција, сега се на “Ќафасан”.

Се очекува вакви колони да има и во недела, но и понеделник кога нашите граѓани ќе се враќаат од Албанија.