„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

(ФОТО и ПРВОТО ВИДЕО од несреќата) Десет години од најголемата бродска несреќа на Охридското Езеро

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
brod-2

Денеска се навршуваат десет години од трагедијата на Охридското Езеро кога при потонувањето на бродот „Илинден“ во која животот го загубија 15 лица, туристи од соседна Бугарија.

— реклама —

Старото знаме на Општина Охрид и знамето на Македонија и ЕУ на половина копје пред зградата на општината.

Несреќата се случи на 5 септември 2009 година, во 10:30 часот, кога потона бродот „Илинден“ што со 57 патници сообраќаше на релација од Охрид за Свети Наум. Тоа саботно утро времето беше исклучително топло, езерото мирно, ништо не навестуваше дека ќе се случи најголемата бродска несреќа во историјата на пловидбата на Охридското Езеро. „Илинден“ се преврте и потона на околу 250 метри оддалеченост од брегот на езерото, кај автокампот „Елешец“.

— реклама —

Осум од жртвите беа жители на општина Антон, четворица од општина Пирдоп и по еден од општините Златица, Мирково и Рибарица.

Бродот „Илинден“ две седмици после несреќата поточно на 19 септември беше извлечен на површината на Охридското Езеро. Истиот ден бродот беше одвлечен до каналот Студенчишта, каде по спроведената истрага за неговата техничка исправност се наоѓа и денеска, како нем сведок на трагедијата што однесе 15 човечки животи.

ФОТО 

Веста за потонувањето прв ја објави Охрид1, а новинарите потоа пристигнаа на местото на катастрофата.

Како и секоја година делегации на Општина Охрид, на Амбасадата на Република Бугарија, претставници на Здружението на граѓани „5-ти септември" од Охрид, на ротари-клубот од Охрид и граѓани со цвеќе на споменикот поставен на Кејот на Охридското Езеро се сеќаваат на жртвите од несреќата.

 

aIZ-LbLQXJw

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања