„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

(ФОТО и ВИДЕО) Децата ја „презедоа“ Владата на Светскиот ден на децата

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
20112019_PVRSM_Zaev_clenovi_na_VRSM_sednica_deca_Svetski-den_na-_decata_2

Децата од нашата земја денеска ја „презедоа“ Владата на Северна Македонија. Нивните претставници, по повод Светскиот ден на децата и 30 годишнината од усвојувањето на Конвенцијата за правата на децата на ОН, учествуваа во работата на средбата на високо ниво „За децата, од децата“со премиерот Зоран Заев, министерката за правда Рената Дескоска, министерката за труд и социјална политика Мила Царовска, министерот за здравство Венко Филипче, министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини, државниот секретар на Министерството за образование и наука Енвер Хусеин, Зоран Попов, државен секретар на министерството за надворешни работи и Јасминка Ангелова, државен советник на Министерството за внатрешни работи.

— реклама —

Во своето воведно обраќање Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Зоран Заев на состанокот со децата по повод Светскиот ден на децата и 30 годишнината од Конвенцијата за правата на децата на ОН, на кој присуствуваа и амбасадорот на ЕУ во земјата СамуелЖбогар, претставничката на УНИЦЕФ во земјата Патриција Диџовани, и пратеничката и претседателка на Клубот за младински прашања во Собранието на Република Северна Македонија Ивана Туфегџиќ, истакна дека средбата на Владата со претставниците на децата од нашата земја е за да разговараме, да ги слушнеме сугестиите, идеите и предлозите за темите што ги интересираат и засегаат децата.

— реклама —

Во работата на состанокотсо претставниците на Владатасе вклучија Александар Ступар, Стефан Митиќ, Михаела Трајковска, Бисера Шегмановиќ, Искра Зекири, Лука Павиќевиќ и Елиза Абдија, кои како младински застапници ги изнесоа нивните видувања за прашањата за животната средина, за вработувањето на  младите, за поквалитетно образование, за вклучувањето на младите во креирањето на политиките за нив, за насилството во училиштата, како и за инклузијата на учениците со попречености.

Во дебатата што потоа беше отворена, министрите во Владата истакнаа дека денеска Владата ја „презедоа“ деца и млади кои се целосно еманципирани во своите ставови за прашањата од нивни интерес и покажуваат максимална активност во остварување на нивното право да бидат вклучени во донесувањето на политиките кои ги засегаат.

За голем дел од нивните размислувања и сугестии беше потврдено дека ќе се побараат решенија и дека ќе се организираат средби и дебати преку нивните претставнички организации за имплементирање на решенијата што ги предлагаат децата и младите.

rLxyPVRVcgI

HgQf3zLD3fQ

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања