Промени тема
Контакт

(Фото и видео) Голем пожар кај штипско Селце: Вклучени хеликоптери, пожарникарите пожртвувано бранат над 100 викендици

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 месец -

Македонија
media-libraryfqb5bbcc2flk5RmNtwX

Силниот ветер го разгоре пожарот кај штипското село Селце, поради што на терен е ангажиран уште поголем број пожарникари и доброволни пожарникари, информира Стојанче Ангелов.

Според него, главниот фокус во моментов е одбраната на блиските викендици, кои биле директно загрозени од огнената линија.

— реклама —
media-library9il4iig79pr1735YBnH

„Пожарникарите со голема жртва успеаја да ја стопираат линијата на огнот. Постоеше опасност за викендиците, кои по број се повеќе од едно големо македонско село“, рече Ангелов.

— реклама —

Тој додава дека засега состојбата е под контрола и дека на повеќе точки има доволен број пожарникари.

— реклама —

Во гаснењето се вклучени и хеликоптери.

— реклама —
media-library1s8b2678b2qg7ViUmNT

Ангелов предупредува дека пожарот се шири во правец кон Серта, подрачје каде што, како што рече, речиси секоја година имаат тешки искуства со пожари.

„Засега имаме контрола“, рече Ангелов, додавајќи дека состојбата внимателно се следи поради силниот ветер и ризикот од повторно разгорување.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryhh5dg8plv2epeFdas1H

Пожар под Раштак, гори сува трева и нискостеблеста шума

Македонија | пред 1 ден

— реклама —
media-libraryhh5dg8plv2epeFdas1H

Два активни пожари на отворен простор во Гази Баба и Прилеп

Македонија | пред 6 дена

media-libraryisjjiuquqadp1LZJaat

Гори плац со хаварисани возила во Тетово, густ чад се шири во околината

Македонија | пред 1 седмица

media-library2s8eoel3q0v59rmnTwF

Денеска регистрирани 19 пожари на отворено, активни се уште 10

Македонија | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања