Претрес на Дацо Белски: преживувањето на Детонатор, Груевски, Мијалков, Урко.. и судијата со парите
Zy2zP26iJEY

(ФОТО и ВИДЕО) Министерот Чулев во посета на ОВР Кавадарци и РЦ Југ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
6-1

Министерот за внатрешни работи Наќе Чулев денеска го посети ОВР Кавадарци и Регоналниот центар за гранични работи Југ, кој се наоѓа во Кавадарци. На состанокот со старешинскиот кадар на ОВР Кавадарци и началникот на СВР Велес беше разговарано за безбедносната состојба на станичното подрачје како и вообичаените тековни активности. Од страна на министерот Чулев беше потенцирано да се зголеми ефикасноста и превенирањето на кривичните дела поврзани со личната сигурност на граѓаните и нивните имоти. Исто така, беше дадена насока за навремено подготвување за изборниот процес и собирање информации за намери на нарушување на изборите. За време на посетата на РЦ Југ министерот беше брифиран за моменталната состојба на границата со Грција долга 256 километри во однос на илегалната миграција и шверцот на добра, како и соработката со полициските службеници од пријателските земји кои и помагаат на нашата полиција за обезбедувањето на јужната граница. Со оглед дека Собранието ја продолжи кризната состојба, министерот Чулев потенцира за значењето на работата на овој регионален центар во спречување нови бранови на илегални мигранти, земајќи ја в предвид состојбата во земјите на потекло на лицата кои вообичаено ја користат македонската територија за транзит.

— реклама —

— реклама —

Фото: МВР

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања