Промени тема
За нас
Ударно
„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи
„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи

(ФОТО и ВИДЕО) Охрид доби современ затворен зелен пазар

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
pazar-7

Свечено пуштена во употреба новата деловна и административна трговска зграда во која ќе работи и затворениот зелен пазар во Охрид. На свеченоста присуствуваше претседателот на владата, Зоран Заев и бројни гости. Објектот е изграден преку формирање на јавно приватно партнерство меѓу општина Охрид и АД Илинден Струга.

— реклама —

Во своето обраќање пред присутните премиерот истакна: „Чувствувам голема радост што сме овде во Охрид за новиот објект на Зелениот пазар кој одговара на потребите на пазарџиите со капацитет за 190 нови тезги утврдени по современи ХАСАП стандарди.

— реклама —

Новиот Затворен зелен пазар во Охрид ги исполнува сите стандарди за трговија, со што значително се подобруваат условите за работа на пазарџиите, но и за сите граѓани кои отсега ќе може да пазаруваат во подобри услови.

Репрезентативниот објект на новата административно – трговска зграда кој денес го пуштивме во употреба е со површина од 6 779 м2. Во подземјето е сместен јавен паркинг од 2 433 м2 и техничките одделенија, на приземјето се наоѓа Зелениот пазар кој располага со 190 нови тезги уредени по современи хасап стандарди.

Секогаш заедно, како досега така и во иднина продолжуваме да го разубавуваме Охрид со нови проекти за доброто на сите сограѓани согласно со стратешките определби за развој и унапредување на Локалната самоуправа, вели градоначалникот на Охрид Константин Георгиески.

Свое обраќање пред гостите имаше и директорката на ЈП Градски Пазар кристина Крлеска Деспотоска. Таа меѓу другото истакна:  Често пати се поставува прашањето , дали во услови на глобалните текови на пазарните економии може да доведе до намалување на функцијата на пазарите и дали големите трговски центри се своевидна алтернатива? Тука јасно ќе кажене дека не постои алтернатива за тоа што постоело со векови. Потребна е само навремена трансформација на начинот на нивно функционирање кое подразбира адекватни инфраструктурни решенија, кадровски усовршувања и имплементација на меѓународни и домашни препораки.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

Screenshot-2025-03-27-at-15.29.01

Николоски: Со обсмислена стратегија го развиваме охридскиот аеродром, Охрид преку Истанбул од денеска го поврзуваме со цела Европа и светот

Македонија | пред 11 месец

kosta

Георгиески од манастирот "Свети Илија": Нека е за многу години празникот!

Македонија | пред 4 години

Нема фотографија

(ФОТО) Градоначалникот објави ЕКО ИНФО за изминатите 24 часа во Охрид

Македонија | пред 4 години

Нема фотографија

Се гради ново детско игралиште на пешачката патека кон „Горица“

Македонија | пред 4 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања