Претрес на Дацо Белски: преживувањето на Детонатор, Груевски, Мијалков, Урко.. и судијата со парите
Zy2zP26iJEY

(ФОТО и ВИДЕО) Претреси во Синѓелиќ, запленети околу 10 кг марихуана, приведени две лица

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
0-02-05-0bb09bcf5ba8c2798b9b182f4237a50b5fe4b72329026a7efc22a84ba946b3fa_1c6da00e4ad13c

Денеска полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција – Сектор за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи во координација со Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје ги лишија од слобода А.В.(74) и С.В.(45), поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“ и „недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи“.

— реклама —

Имено, во текот на денешниот ден (15.01.2021), по претходно издадена наредба од Судија на претходна постапка од Основен кривичен суд Скопје, полициски службеници извршиле претрес во домот и другите простории каде живеат А.В. и С.В., на подрачјето на Синѓелиќ, при што пронашле повеќе пакувања со поголема количина на марихуана (околу 10 кг), неколку шишиња со хашишово масло, еден пиштол „Црвена застава“ со две рамки и 57 куршуми.

— реклама —

По документирање на случајот, против двете лица до Основното јавно обвинителство Скопје ќе биде поднесена кривична пријава поради постоење основи на сомнение дека ги сториле кривичните дела предвидени и казниви по чл.215 и по чл.396 од Кривичниот законик.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања