Ударно
Претрес на Дацо Белски: преживувањето на Детонатор, Груевски, Мијалков, Урко.. и судијата со парите
Zy2zP26iJEY

(ФОТО и ВИДЕО) Што крие Белчишкото Блато?

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
sini-viroj

Нуркачкиот центар „Акватек“ од Охрид и Здружението за екологија и туризам „Екотуризам 2016“ изведоа подводни активности за разоткривање на тајните на Белчишкото Блато.

— реклама —

– Најголемото блатно езерце „Сино Дувло“ крие многу природни особености кои допрва треба детално да се проучат. Со нуркањето е утврдено присуство на бројни подводни карстни извори кои го хранат со вода, речиси исти како Светинаумските извори од езерцето формирано од истекот на Црн Дрим. Богатството со вода е надополнето со рибна фауна, а од снимките се препознаваат јата кленови.

Фотографија на Diving Center Akvatek.

— реклама —

Низ шуплините од камењата има мали рипчиња – писи и голема концентрација на мали ракчиња. Измерена е длабочина од околу 4 метри, а вишокот вода се прелева во евловата шума која доминира во блатото и е најголема по површина во нашата држава, велат реализаторите на проектот.

Со жалење констатираат дека како и во Охридското Езеро и во „Сино Дувло“ пронашле дел човечката неодговорност, па на површина извадиле една метална рамка од велосипед, која ќе најде место како сувенир во нивната колекција.

https://www.facebook.com/AkvatekOhrid/photos/a.2644690905629103/2644658168965710/?type=3&theater

фото:Нуркачкиот центар „Акватек“

 

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања