Благодарение на совесни граѓани кои веднаш пријавиле на отворената телефонска линија 193 и брзата интервенција на Бригадата за противпожарна заштита и на Инспекторат на Град Скопје, во најбрз можен рок се изгасени намерно запалени огнови на отворено во Вардариште и во населбата Горно Лисиче, се вели во објавата од Град Скопје.

Од Град Скопје додаваат:
Градот Скопје и Бригадата за противпожарна заштита апелираат граѓаните да ги пријавуваат сите случаи на палење оган на отворено на 193, за да може огнот што побрзо да се изгаси, а сторителите да се санкционираат.
