Се запали планинарскиот дом „Широка“ или познат и како „Ловечка куќа” на Пелистер.
На социјалните мрежи денес беа објавени фотографии од истиот на кои може да се забележи дека кровот е целосно изгорен, и останати се само ѕидовите.
/260607881_10220014795508165_4822560421955050924_n" rel="attachment wp-att-149686">
Планинарскиот дом е сместен на околу 1940 м надморска висина, покрај макадамскиот пат кој води до врвот Пелистер. Опкружен со прекрасна природа, и истиот е одлична дестинација за кратки пешачки и велосипедски екскурзии, или како попатна станица за посетителите чија крајна цел се Големо езеро или врвот Пелистер.
/260960028_10220014794748146_3250258364815678635_n" rel="attachment wp-att-149689">