Реките во Тетовско се излеаја по интензивните врнежи од дожд, што ноќеска предизвикаа нагло зголемување на водостоите. Поплавени се патишта и куќи.
Излевањето на Габровска Река е причина за поплавување и наноси од земја, кал и дрвја на регионалниот пат Тетово –Јажинце помеѓу селата Доброште и Одри.
-Патот Тетово-Јажинце e непрооден помеѓу Доброште и Одри поради излевање на речната вода. Се работи на отстранување на наносите од земја, кал и дрвја, објави Исен Асани, градоначалник на општина Теарце на својот Фејсбук профил.
Мештаните од Доброште информираат дека поради поплавите оштетен е и асфалтот на коловозната лента на регионалниот пат Тетово-Јажинце. Жители на Јегуновце информираа дека во нивното село има поплавени куќи, Пишува Тетово Инфо.
Од АМСМ предупредуваат дека патот Тетово – Јажинце e непрооден помеѓу Доброште и Одри поради излевање на речната вода. Се работи на отстранување на наносите од земја, кал и дрвја.
https://www.facebook.com/tetovoinfo/posts/2553088381621723
фото: Тетово Инфо