Промени тема
Контакт
„Претрес“ за судењата, сведоците, правдата: Сопругата на Андреј од ДНК и таткото на Диме за „Пулс“
„Претрес“ за судењата, сведоците, правдата: Сопругата на Андреј од ДНК и таткото на Диме за „Пулс“

(ФОТО) Излета камион кај Буково, интервенираше пожарната и Планинската Спасителна Служба

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
123

Денес во 11 и 45 часот примена е дојава за излетан камион кај Буково, (двајца патници тешко повредени) , интервенирано е со едно возило,пет пожарникари и тимот за спасување на планина. АПЕЛ до учесниците во сообраќајот да внимаваат и да ја почитуваат патната сигнализација, напишаа на својот официјален ФБ профил од ТППЕ Охрид Пожарна.

Оперативниот центар на Планинската Спасителна Служба веднаш мобилизира два тима кои со комплетна опрема за спасување на комплексен технички терен во 12:15 часот пристигна на лице место и веднаш започна со извлекување на повредениот. Истиот за среќа беше во свесна состојба, но со тешки повреди на екстремитетите. На местото на несреќата претходно беа пристигнати и припадниците на Територијалната Противпожарна Единица од Охрид кои први му пристапија на повредениот и асистираа при извлекувањето.

Оваа интервенција е петта по ред од почетокот на оваа година, со што уште еднаш се потврдува потребата од постоење на ефикасен систем за спасување на планина и непристапни терени кој е неопходен во најделикатните операции за спасување на човечки животи, велат од ПСС.

— реклама —

ПСС при Црвен крст Охрид им честита и им изразува огромна благодарност на сите свои членови/волонтери за пожртвуваноста во оваа, како и во изминатите акции, особено оние кои се изведени во периодот од почетокот на пандемијата со корона вирусот, кога и покрај сите останати опасности, личната безбедност е дополнително загрозена. Исто така, сакаме да им изразиме посебна благодарност и на припадниците од ТППЕ Охрид кои дадоа максимум од своите сили за помош на нашата Служба. Веруваме дека наша, а и нивна девиза е „Заедно сме посилни“.

— реклама —

На повредените во оваа тешка сообраќајна несреќа, им посакуваме добро здравје и брзо закрепнување, валат од ПСС.

— реклама —

https://www.facebook.com/pozarnaohrid/photos/pcb.2617777308321994/2617776961655362/?type=3&theater

фото: pss.org.mk

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања