Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

(ФОТО) Јакимовски го победи личниот рекорд, истрча Битола - Меџитлија со повторувања 42 км за 2 часа и 47 мин

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
image3

Битола слави истрчан маратон на еден од големите пријатели на градската трка ТРЧАЈ БЕ, Игор МС Јакимовски од Скопје.

Човекот кој истрчал 34 маратони од кои 7 домашни и 27 меѓународни вкупно на 3 континенти, одлучи да го надмине својот личен рекорд.

— реклама —

За овој подвиг ја избра Битола и вчера во 6 часот наутро на релација Битола - Меџитлија во неколку повторувања до 42.195км за 2 часа и 47 минути успеа и го исполни своето ветување да биде под прогнозираните 2 часа и 50 минути.

На патеката го следеа двајца познати атлетичари во тркачки дисциплини, Кристијан Стојани и Љупчо Стојановски.

— реклама —

Ова е најтешката атлетска дисциплина, а да се биде во кондиција и да се истрча маратон е многу комплициран, долг и тежок процес.

Игор вчера докажа, дека неговите 44 години се само бројка.

“Сум доживувал и победи и одлични пласмани и награди, но исто така и откажувања, колапс, крварење, губење свест, заминување на сред маратон и тонење во жив песок.”- се присетува овој познат македонски маратонец за своите претходни искуства.

— реклама —

Секој маратон е посебна приказна и совршена дефиниција за терминот кој го сакаат спортистите “научена лекција”.

За овој подвиг тој се подготвуваше во изминатиот период, а само изминатиот месец истрча околу 650 км за 30 денови.

— реклама —

Одработи и еден личен тест на полумаратон и го постави како што тој вели “лудиот предизвик”:

Успеа да го постигне најдобриот резултат во кариерата сам на светот без натпреварувачки карактер и тоа во ветеранските години - 44, а ТРЧАЈ БЕ запишува уште еден настан во кој го слави трчањето од Битола.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања