Во јавноста се појавија првите коментари за здравствената состојба на Боки 13, која ја оценуваат како лоша. Тие според фотографиите на новинарските екипи велат дека Боки 13 не го гледаат како здрав човек.
„Не сум доктор ама на сликата не гледам баш здрав човек. Каков и да е Боки и што и да направил заслужува, не само шо заслужува по сите закони има право на здравствена нега. Не смее сиот криминал во државата и таа желба за правда да се сруши врз еден човек, посебно не кога на слобода има многу поголеми криминалци од него. Или едноставно некому не му одговара да е тој здрав, да не употребам потешки зборови“, пишува Божидар Божиновски или познат како Моџо Клингтон на „Твитер“.
Инаку, во судот пристингаа две екипи на Брза помош кои треба да ја утврдат здравсвената состојба на Боки 13, кој се пожалил на болки во пределот на стомакот.
https://www.facebook.com/photo.php?fbid=10221652660855129&set=a.2005548107662&type=3&theater