Партијата „Нова Алтернатива“ чиј новоназначен претседател е Данела Арсовска, почна и комуникација со медиумите. По поканата, денеска е испратен говорот на Арсовска, во кој таа кажува како ќе се бори за правда, најавува дека ќе ја лечи Македонија, но и дека ќе го менува Кривичниот законик. Во прилог беа испратени и фотографии, но на нив, ги немаше гостите кои привлекоа најмногу внимание - генералниот секретар на СДСМ, Миле Зечевиќ и Драги Митковски познат како Драги Книга кој се поврзуваше со Никола Груевски.

Од осум фотографии, седум се со фокус на Арсовска.

На една и како разговара со гостин на конвенцијата каде таа доби партија.

На друга застаната на говорница.

Па седната на маса.

Од првите редови каде беа „важните“ гости, фотографии за медиумите - нема.
(Видео) Градоначалничката Данела си доби партија, на промоцијата Миле Зечевиќ и Драги Книга - таа се жалеше дека е напаѓана
Градоначалничката на Скопје Данела Арсовска наместо сама да ги испроба силите како што ветуваше и да формира партија, си доби веќе постоечка партија. Таа од вечерва е лидер на политичката партија Нова Алтернатива. На промоцијата во прв ред беше генералниот секретар на СДСМ Миле Зечевиќ. Арсовска од говорницата убедуваше дека партијата не е во коалиција со СДСМ. На Конвенцијата беше и Драги Митковски познат како Драги Книга, за кого во јавноста се зборува дека е еден од најверните луѓе на Никола
Македонија | пред 2 години