Кончита Вурст првпат ја запознавме во 2014 година, кога победи на Евровизија со песната „Rise Like a Phoenix“. Таа ја шокираше јавноста со својот изглед, настапи во долга, балска тоалета додека имаше брада на лицето.
Пејачот кој е роден како Томас Том Нојвирт, сега изгледа сосема поинаку. Таа сега има кратка коса, пирсинг на носот и изгледа како маж.
Кончита се уште се занимава со музика и има успешни синглови, а кариерата најмногу ја преориентира во Австрија.
Тој постигна голем успех и во светот на модата носејќи ги фустаните на Карл Лагерфелд, но и Жан Пол Готје, а покрај сето тоа напиша и книга.
Том неколку пати изјави дека не е транс жена. Тој е геј, а себеси се опиша како геј маж кој се облекува како жена.