Страшна несреќа се случи во близина на граничниот премин Ќафасан, во текот на денешното попладне. Товарен камион излета од патот сосе приколица. Првичните информации се дека причината е тоа што гумите на возилото се излизгале, но таа не е потврдена. Точните причини треба да ги утврди полицијата.
Засега, нема информации дека возачот е тешко повреден. Повикани биле и екипи на МВР. Детали се чекаат во текот на утрешниот ден.
