Во фонтаната на скопскиот плоштад утрово повторно пропадна камион.
/315522281_678751080526108_5604503108096039003_n" rel="attachment wp-att-205369">
Ова е четврти случај во кој возило пропаѓа во фонтаната. Претходно за време на фестивалот Пиволенд, камион кој учествуваше во подготовките на фестивалот пропадна во фонатаната. Во 2017 година непосредно пред доаѓањето на ракометарите на „Вардар“ на скопскиот плоштад каде што се одржа прославата по освојувањето на европскиот трон, камион пропадна во партерната фонтана на плоштадот.
Вториот случај беше лани во март кога на плоштадот се преврти машина за чистење на Комунална хигиена.
Површинската фонтана беше изградена во време на ексградоначалникот Коце Трајановски и чинеше 2,5 милиони евра. И таа е дел од проектот на владата на Никола Груевски „Скопје 2014“ вреден околу 700 милиони евра.