Низ дел од Македонија настана хаос поради снежните наноси. Долги застои, излизгани возила, но и заглавени во снегот поради немање на зимска опрема. Но, и оние кои имаат зимска опрема, не можат да минуваат поради тоа што патиштата се неисчистени и се лизга.
На превојот Буково, има заглавен и камион. Тој е со приколица, која пак, е излизгана. За среќа, во моментот кога поминувал, немало други возила.
/264642927_304596901516934_7402773075723064728_n" rel="attachment wp-att-152334">
Патот кон Стража и Маврово и натаму е делумно блокиран. Возилата се движат споро, а дел не можеа да го продолжат патот, па се обидоа да се вратат назад.
/264976333_420028613111769_1424598238980019396_n" rel="attachment wp-att-152335">