Камион се преврте кај новата патарина пред Штип. Возачот удрил во две кабини, а целиот товар кој го превезувал е испаднат на патот. Од фотографиите, може да се види дека има голема материјална штета, но нема информации, за повредени лица.
Од полицијата се излезени на терен, а случајот се проверува. Несреќата се случи неколку минути пред 10 часот. Причините за несреќата се непознати.