„Претрес“ на Бранко Героски: Моќта, новинарството и линијата што се преминува
whT3mom746w

(ФОТО) Кампања за носење маски на зелените пазари

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Скопје
DSC_0008

Полициски службеници од Одделението за превенција при СВР Скопје во соработка со претставници од АД ,,Скопски пазар” како правно лице кое управува со зелените пазари почнувајќи од денеска ќе реализираат  кампања за преземање превентивни мерки и активности  во врска со заштитата од ширењето  на  вирусот “COVID 19“ . Активностите во рамки на оваа кампања имаат за цел подигање на јавната свест и потребата  за  одговорно однесување на сите нас , со што ќе придонесеме  за заштита на присутните лица на зелените пазари на подрачјето на Скопје.

— реклама —

Со кампањата ќе бидат опфатени зелените пазари  на ниво на град Скопје и тоа :  Бит Пазар, Буњаковец, Ченто,   Тафталиџе,  Ѓорче Петров,  Драчево,  Бутел,  Чаир,  Аеродром, Автокоманда  каде ќе се информираат посетителите , закупците на просторот за начинот на користење на заштитната опрема, потребата за користење како и за санкциите согласно донесените препораки доколку истите не се почитуваат.

— реклама —

Во рамки на кампањата, на граѓаните ќе им бидат поделени маски и ракавици. Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните да ги почитуваат одлуките што се однесуваат на задолжителна употреба на маски и останата заштитна опрема и да се придржуваат на потребното растојание.

 

фото: МВР

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања