„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

(ФОТО) Ќе се реконструира улицата „Македонски просветители“ како дел од „Проектот за поврзување на локални патишта“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
Partizanska

Реконструкција на улицата „Македонски Просветители“ е главниот инфраструктурен проект кој Општина Охрид ќе го реализира како дел од „Проектот за поврзување на локални патишта” имплементиран од Министерството за транспорт и врски со финансиска поддршка од Меѓународната банка за обнова и развој – Светска банка.

— реклама —

— реклама —

Според проектната документација, новото сообраќајно решение предвидува две одвоени коловозни ленти со тротоари од двете страни, велосипедскa патекa, нова атмосферска канaлизација и ново улично осветлување. Возните ленти и такси паркингот ќе бидат изведени од гранитни камени коцки со димензии 10/10/10см, орабени со камени гранитни рабници. Тротоарите ќе бидат изведени од гранитни камени плочи со димензии 33/33/3см, а на велосипедската лента ќе бидат поставени гранитни камени коцки со димензии  5/5/8см. Во должина на улицата планирано е изведување на среден разделен цветен појас, а ќе биде подигнат и нов дрворед, од двете страни. Повеќе детали за проектот може да се рагледаат во рамки на приложената документација.

ПРОЕКТОТ ЗА ПОВРЗУВАЊЕ НА ЛОКАЛНИ ПАТИШТА

Согласно планираните тендерски процедури и потребниот временски период за подготовка на документацијата, реконструкцијата на улицата се очекува да започне во текот на пролетните месеци од 2021 година.

Со одлуката за алоцирање на средства во рамки на „Проектот за поврзување на локални патишта” на Општина Охрид и се одобрени и ќе и бидат доделни вкупно 1.073.218 евра. Според пропишаните услови, средствата треба да бидат наменети за градежни работи, надзор и проектирање во делот на подобрување на локалната патна инфраструктура со која ќе се овозможат подобри услови за граѓаните од општината. Врз основа на направените анализи и проценки на локално ниво, во текот на наредниот период ќе биде одлучено дали со овие одобрени средства, покрај реконструкцијата на улицата „Македонски Просветители“ ќе бидат реализирани и дополнителни инфраструктурни проекти.

На повикот за доставување на апликации за финансирање на проекти од страна на Министерството за транспорт и врски, Општина Охрид аплицираше и со проектот за реконструкција на улицата „7 Ноември“ од пресекот со улица „Егејска“ до пресекот со улица „Железничка“; проектот за изградба на локален пат од село Свиништа до црквата „Св. Богородица“; проектот за Реконструкција на локален пат за село Куратица; проектот за реконструкција на локалниот пат од село Вапила до село Расино и проектот за реконструкција на локалниот пат што води од регионалниот пат Охрид ‒ Св Наум до автокампот Љубаништа.

 

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

Screenshot-2025-03-27-at-15.29.01

Николоски: Со обсмислена стратегија го развиваме охридскиот аеродром, Охрид преку Истанбул од денеска го поврзуваме со цела Европа и светот

Македонија | пред 9 месеци

kosta

Георгиески од манастирот "Свети Илија": Нека е за многу години празникот!

Македонија | пред 4 години

Нема фотографија

(ФОТО) Градоначалникот објави ЕКО ИНФО за изминатите 24 часа во Охрид

Македонија | пред 4 години

Нема фотографија

Се гради ново детско игралиште на пешачката патека кон „Горица“

Македонија | пред 4 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања