Денес со инспекторите од Општина Гази Баба бевме во посета на домот Ранка Милановиќ. Нема да коментирам понатаму. Овие слики ќе служат како доказ дека 30 години некои работи се ставаат „Под тепих“. Криминал, малолетничка деликвенција и проституција, трговија со наркотици. Зошто овие луѓе се оставени на „цедило“, а служат само за гласање, стои во објавата на општина Гази Баба.

Инаку децата кои престојуваа во поранешната установа „Ранка Милановиќ“, се префрлени во нов дом . Во новите простории ќе живеат деца до 18 години кои претходно престојуваа во поранешната установа „Ранка Милановиќ“, а имаат интензивна потреба од поддршка и рехабилитација. Истиот беше отворен минатата година.