ВО ЖИВО

Претрес: Од бранител до затвореник – Трајковски за притисоците, 27 април и системот што крши луѓе

(ФОТО) Клиниката за нефрологија со комплетно нов лик

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
110214908_2444731759167176_2335716935441593425_o

Министерството за здравство информира дека на Универзитетска клиника за нефрологија е извршено комплетно реновирање на интензивниот оддел, како и одделите за хронична и акутна дијализа, одделот за трансплантација на бубрег, како и одделот за васкуларни пристапи.

— реклама —

Со оваа инвестиција, значително е унапреден квалитетот на здравствената заштита, имајќи предвид дека оваа клиника е единствена установа во државата која третира најкомплексни пациенти со бубрежни заболувања.

— реклама —

Со реновирањето е извршена комплетна замена на медицинскиот инвентар, како и инвентарот во помошните простории за медицинскиот персонал, при што е обновена и салата за васкуларни пристапи за пациентите на хроничен хемодијализен програм.

Покрај градежните работи, со кои комплетно е променет изгледот на клиниката, направена е целосна замена на болничките кревети и помошна немедицинска опрема. Инаку, во делот на медицинска опрема е набавен нов ЕХО апарат, пациент-монитори за следење витални параметри во единицата за интензивна нега, а извршена е замена на инсталацијата и доводот на кислород. Набавен е и современ хирушки стол и осветлување, а целосно е обновен и инструментариумот, со што значително се подобруват условите како за пациентите, така и за стручниот тим нефролози, кои ги работат сложените процедури, како што се артери-венски фистули, трајни и времени катетери за хемодијализа и сл.

Во насока на унапредување на третманот на пациентите со бубрежни заболувања, обезбедени се современи апарати за континуирани методи на хемодијализа за третирање на најкомплексните пациенти со бубрежно затајување, кои бараат интензивна нефролошка нега. Обезбеден е и апарат за процедури за прочистување и замена на плазма кај пациенти со системски заболувања, како што се гломерулонефрити, системски лупус и останати пациенти со комбинирани системски нефролошки, ревматолошки, хематолоши, кардиолошки и пулмонални заболувања, кај кои преземањето на овие терапевтски интервенции се животоспасувачки.

Исто така во тек се подготовки на тимови од нефролози и инфектолози за изведување специфични третман кај најтешките пациенти со Ковид-19 инфекции, кај кои е поставена индикација за лекување на такананаречена „цитокинска бура”, според прифатените светски протоколи.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања