Кога сме хумани, можеме многу. Доказ за ова е радоста на лицето на Иле од Кочани. Дали ќе го препознаете?
Преед десетина дена вниманието на јавноста ја привлече веста за младиот 26-годишен Илија Крстев од Кочани. Ова младо момче, живее сам во тешки услови, со неколку кучиња крај себе.

Сторијата за Иле допре до многумина, пред се од неговиот град Кочани, но и околните места и пошироко, како и од дијаспората. Граѓани се организираа и веднаш стапија во акција. Како 18-годишник, тој мораше да се пресели таму и одеднаш беше сам со себе. Неколку години живеел во главниот град, но неодамна се врати во својот роден град во стара куќа во сопственост на неговата мајка. Мајката е сместена во клиника за ментално здравје. Неговиот дом, ако може да се нарече така, беше полн со смет, а тој не може да се снајде сам да направи ред, и му требаше помош. Пред шест месеци побарал помош од социјалните служби, но ништо не се случило. Иле на себе носеше кошула со кратки ракави, стари пантолони, палто старо околу 50 години, како и чевлите што ги носи. Тој има ск ршен кревет, нема вода, нема греење, објави galama.club.
-Јас сум Илија Крстев роден 1994 година во Кочани. Живеев во домот за деца без родители во Скопје 11 октомври, а подоцна и во 25 мај. Сега дојдов тука за да ја кренам куќата, поднесов за социјална помош, но чекам шест месеци. Желба ми е да најдам работа нешто, кажа Иле во таа прилика.
Помошта пристигнува од сите страни. На лицето на Иле конечно радост.
Текстот во целост на: galama.club.