(ФОТО) Концерт за паметење: Езерска РОК симфонија на Камелеон и пријателите во Охрид

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
Ezerska-ROK-Simfonija-3

Охриѓани, но и бројните гости вечерва беа сведоци на уште еден музички настан, за кој уште долго ќе се зборува.

— реклама —

На Градското пристаниште во Охрид, групата Камелеон, вистински охридски бенд - по срце и душа кој најдобро го отсликува сензибилитетот и музиката која се негува во овој град во кој „секогаш се слушала најдобрата музика“, вечерва го одржа концертот на вода со музика за душа, односно нивната Езерска РОК симфонија.

— реклама —

Пред публиката беа изведени 17 песни, меѓу кои и двете нови „Река“ и „Те љубам“, кои беа промовирани токму вечерва. Најголемите хитови на Камелеон, кои публиката ги пееше во еден глас, беа отсвирени со нови аранжмани, заедно со Камерниот оркестар од Битола и хорот Vox Lychnidos. Специјални гости на вечерта беа Ѓоко Танески, Жармена, Теодор Љушкоски, Горан Папаз и Никола Тони, кои придонесоа оваа вечер да биде навистина незаборавна.

Езерската РОК симфонија имаше и хуманитарна нишка, и во рамките на настанот се собираа средства за охриѓанецот Трајан Целески- Тачо.

Според сите коментари, концертот ќе биде еден од настаните кои ќе го одбележат ова лето 2020-то, лето „кое ќе се памти“ во прекрасниот Охрид.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања