Американскиот бизнисмен Мајк Штрауметис, или попознат како Биг Мајк, кој е еден од поголемите производители на канабис на социјалната мрежа Инстаграм објави фотографии и кратко видео од средбите со премиерот Зоран Заев, министерот за здравство Венко Филипче и градоначалникот на општина Центар Саша Богдановиќ. Тој во краткото видео на официјалниот Инстаграм профил вели дека Македонија има голем потенцијал.
„Возбуден сум да ви најавам дека земјата ќе ја направам европска суперсила на канабисот“, пишува Мајк на својот Инстаграм профил.
Биг Мајк денеска со приватен авион слета на скопскиот аеродром. Тој од аеродромот до Скопје стигна со полициската придружба, а ниту една служба за информирање не сподели никаква инфромација за неговата посета.

.