Промени тема
Контакт
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси

(ФОТО): „Кршете ги рачките на контејнерите, за да преживеат мачките“- Град Скопје со реакција

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Скопје
macki

Во текот на вчерашниот ден, на еден од новите контејнери е залепен лист со содржина во која се повикуваат граѓаните да ги оштетуваат контејнерите односно рачките за да се овозможи непречен пристап на мачките до отпадоците. На ова реагираат од Град Скопје.

-Уништувањето на контејнерите е казниво по закон. Град Скопје потсетува дека новиот концепт за третман на комуналниот отпад и хигиената на јавните површини што почна да се спроведува во градот е во интерес на сите негови жители и целта е да се подобри животната средина. Новите контејнери коишто се опремени со капаци се набавени токму за да ја спречат можноста отпадоците да им бидат достапни на мачките и на кучињата, коишто ги расфрлаа околу нив. Исто така, капакот треба да го спречи и ширењето на непријатната миризба од отпадот и да се избегне грдата слика со преполни контејнери, велат од Град Скопје и потенцираат:

— реклама —

„Градот Скопје апелира до граѓаните да ги чуваат и правилно да ги користат овие контејнери коишто се со највисок технолошки стандард, бидејќи тоа е во интерес на сите жители на нашето Скопје“.

— реклама —

https://www.facebook.com/CityofSkopje/posts/2646474598732069

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања