(Фото) Ламбе на скии во Битола, не оди никаде: Мојата светиња е Македонија

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Магазин
image-199701

По критиката за концертот на Теа Таировиќ и објавата дека заминува од Македонија, македонскиот пејач Ламбе Алабаковски, денес се предомисли. Тој низ шега кажа дека останува во родната Битола. Новата фотографија и информација дека не заминува од Македонија, доаѓа и по низата критики и исмејувања.

— реклама —

„Ме врати назад во Македонија и ве поздравувам. Мојата светиња е Македонија, да сте здрави и живи“, напиша Алабаковски под фотографијата со Дедо Мраз.

— реклама —

— реклама —

Инаку, вчера Алабаковски напиша дека во Македонија има леб само за пејачи како Теа Таировиќ и слични на неа.

„Удбашка Земјо Мила ЗБОГУМ! Од љубов не се живее , Само за @tea_tairovic има ЛЕБ тука и СЛИЧНИТЕ на неа! ЗБОГУМ И ПОЗДРАВ ДО СЛЕДНО ВИДУВАЊЕ! Можи ЌЕ СЕ ОПОРАВИШ И ЌЕ ТЕ НАПРАВИМЕ МАКЕДОНСКА ЦЕЛОСНО! #ојдовнапечалбанесевратив, напиша пејачот Ламбе Алабаковски на социјалните мрежи“, напиша Ламбе на својот фејсбук профил.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања