Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Андреј Петров: Го менуваат Филипче, го враќаат Бранко? А Македонија? Гледај на LANDOV.MK

(Фото) Лицето кое раствори пена во Гази Баба е пронајдено, Орце најави санкции

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 11 месец -

Скопје
media-library3k91feeanqm1983FzCU

Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, вечерва објави дека е пронајден сторителот на загадувањето со хемиска пена во близина на булеварот „Александар Македонски“ во општина Гази Баба, по што веднаш се преземени инспекциски и правни мерки.

— реклама —

Според информациите од Град Скопје, инспекторите излегле на терен веднаш по појавата на фотографии на социјалните мрежи, на кои се гледаше масивно истекување на хемиска пена од шахта на јавна површина. Пена била проследена до правен субјект во непосредна близина, кој, како што стои во соопштението, директно го загрозил здравјето на граѓаните и ја нарушил животната средина.

— реклама —

„Станува збор за сериозно прекршување на законските прописи. Никој нема право да го загрозува здравјето на скопјани,“ изјави Ѓорѓиевски, нагласувајќи дека утре ќе биде детално анализиран елаборатот за животна средина на фирмата, за да се утврдат причините и евентуалните неправилности во нејзините процеси.

— реклама —

На терен биле земени примероци од шахтата, од површината на булеварот и од пеноматот во сопственост на фирмата, а врз основа на добиените анализи ќе бидат преземени најстроги санкциски мерки против сторителот.

„Никакво отстапување нема да биде дозволено. Секој што го нарушува законот и ја загадува околината ќе се соочи со целосната сила на институциите,“ порача градоначалникот.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library9j8fft04sbtj2zgDmXO

До црногорското приморје со авион од Скопје: од мај 2027 година почнуваат директните летови до Тиват

Македонија | пред 23 часа

— реклама —
nova-godina-skopje

Елка од 13 метри, огромен подарок и стотици светлечки украси: Скопје за Нова година ќе биде украсено до 15 декември

Скопје | пред 1 седмица

media-library9j8fft04sbtj2zgDmXO

Од март директни летови од Дубаи до Скопје трипати неделно

Македонија | пред 2 седмици

media-library5kaad709soclbS56NZz

По долгогодишна запуштеност, повторно се отвораат градските цвеќарници во Скопје

Скопје | пред 2 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања