„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи
„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи

(ФОТО) Мадуро или Гуаидо? Народот нема што да јаде, хиперинфлацијата го направи своето

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Свет
guaido-nicolas-maduro

Рим со вето го блокирал соопштението на ЕУ дека го признава Хуан Гуаидо како привремен лидер на Венецуела ако претседателот Николас Мадуро одби да распише предвремени избори.

— реклама —

Велика Британија, Шпанија, Франција и Шведска денеска го признаа шефот на опозицијата во Венецуела, Хуан Гуаидо, како вршител на должноста лидер, откако претседателот Николас Мадуро пркосно го отфрли ултиматумот од европските земји да свика предвремени избори.

Мадуро брзо го отфрли крајниот рок, велејќи: „Никој нам не може да ни поставува ултиматум“.

— реклама —

САД и уште неколку земји од Латинска Америка плус Албанија веќе застанаа на страната на опозицијата.

Друга група земји, пак, меѓу кои и Русија, Иран, Турција, Куба, Боливија и Никарагва, го поддржаа претседателот Мадуро.

Инаку додека светските сили се препукуват кој ќе ја води Венецуела, народот нема што да јади. Во многу супермаркети во Венецуела, имено полиците веќе подолго време се празни. Речиси и да нема никакви производи. А дури и кога има прехранбени или други производи за секојдневни потреби, повеќето Венецуеланци не можат да си ги дозволат, поради хиперинфлацијата во земјата. Еден килограм риба во моментов чини двојно повеќе од просечната месечна плата. Прехранбени производи на населението му распределува власта. Пакетите го содржат само основното: има ориз, леќа и масло.

Фото: www.dw.com

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања