Промени тема
Контакт

(Фото) Македонски филмови освоија пет награди на 32. Сараевски филмски фестивал

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 месец -

Македонија
media-libraryc3hsmsij49cc5HRWa0S
SARAJEVO FILM FESTIVAL

Македонскиот филм продолжува да бележи значајни успеси на меѓународната сцена, а ново признание стигна од Сараево, каде што на 32. издание на Сараевскиот филмски фестивал два македонски филма освоија вкупно пет награди.

— реклама —

Најголем успех постигна филмот „17“ во режија на Косара Митиќ, кој доби четири признанија. Меѓу нив е Специјалната награда за промовирање на родовата еднаквост, како и „Срцето на Сараево“ за најдобра актерка, кое ѝ припадна на Ева Костиќ.

— реклама —

Филмот ги освои и наградата на „Синеуропа“ и наградата од публиката на „УниКредит“.

— реклама —

Уште едно признание за македонската кинематографија донесе филмот „Скејтбордингот не е за девојчиња“ на режисерката Дина Дума, кој ја освои Специјалната награда „Младински перспективи“.

— реклама —

Од Агенцијата за филм оценуваат дека петте признанија се потврда за квалитетот, авторската сила и меѓународниот потенцијал на современата македонска кинематографија. Оттаму го нагласуваат и значењето на континуираната поддршка за развојот и поголемата меѓународна видливост на македонскиот филм.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања